Кралскиот клуб Реал Мадрид има македонски јуниорски шарм, а двата наши екстра- таленти, Андреј Магдески во кошарка и Доријан Бабунски во фудбал забележаа импресивни резултати.
Магдески како член на јуниорската екипа на Реал Мадрид се закити со златен медал во шпанското првенство, секако за кошаркари на возраст до 18 години, а притоа беше извонреден во финалето. „Кралевите“ ја победија Уникаха со 66-60, а Андреј беше втор стрелец со 17 поени.
Викендот блескаше и Доријан Бабунски и со хет-трик за јуниорите на Реал стана најдобар стрелец во шампионатот на Шпанија. Доријан има 24 погодоци и ја заслужи наградата „пичичи“, трофеј што во својата колекција го имаат легенди како Бутрагењо, Раул, а последен во низата пред Бабунски е Хесе Родригес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Убави вести: Давид Бабунски ќе стане татко!



