Платформата за активизам, во чии рамки се печати уличното списание „Лице в лице“, упатува повик насловен „Лице в лице со животната средина“ за креирање на фотографија, постер, цртеж, слика или друго креативно дело кое е реакција на она што ни пречи во нашата околина, а што се однесува на животната средина.
Повикот важи од денеска, 12. мај, до 9. јуни и е наменет до сите средношколци, студенти, ентузијасти кои сакаат да креираат различни дела, но и за сите заинтересирани граѓани кои сакаат на свој начин да придонесат за подигнување на еколошката свесност.
Делата, со кусо објаснување за нив, треба да бидат испратени исклучиво по електронски пат, на licevlice@cma.mk, најдоцна до 9.јуни 2014 година.
Заедно со испратеното дело, учесниците треба да достават и име, презиме и контакт телефон. Конкурсот важи за сите граѓани, жители на Република Македонија, без ограничувања по никаква основа.
Првичната селекција на делата, која ќе ја направи жири со стручњаци во повеќе области, ќе биде објавена на 11 јуни, на фб страната на „Лице в лице“.
Потоа граѓаните ќе гласаат за три најдобри дела (преку „лајкување“ на фејсбук) и тие ќе ја направат конечната селекција која ќе биде претставена на изложба на почетокот на јули. На оваа изложба ќе има и дела од наши уметници (фотографи, дизајнери, сликари) кои исто така ќе творат за „позелена околина“.
Селекција на дела од уметниците и од учесниците во повикот ќе биде објавена и во 11. број на активистичкото улично списание „Лице в лице“.
За најуспешните автори од овој повик се обезбедени вредносни награди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.