„Нинтендо“ објави дека нема да дозволи да се играат карактери хомосексуалци во играта „Томодачи лајф“, која е симулација на животот. Фановите на оваа компанија почнаа кампања по социјалните медиуми, со која се бара од „Нинтендо“ да дозволи врски меѓу ликови од ист пол меѓу карактерите во играта – која е моделирана според вистински луѓе. Од „Нинтендо“, на претставувањето на играта одговорија дека „никогаш немале намера да дадат каква било форма на социјален коментар“.
„Томодачи лајф“ беше голем хит во Јапонија и фирмата сега се подготвува да ја претстави играта во САД и во Европа во јуни.
Играта, која е издадена во Јапонија минатата година, содржи избор на „Мии“ карактери – карактеристични аватари на вистинските играчи – кои живеат на замислен остров. Им се овозможува на играчите да го населат островот со „Мии карактери од семејства, пријатели или кој било друг кој ќе посакате“.
Од „Нинтендо“ велат дека можноста за врски од ист пол да се појават во играта не бил дел од оригиналната игра која била претставена во Јапонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.