| четврток, 6 декември 2018 |

Избрани пратеници од СДСМ најавиле независно делување

SDSM 18ti kongres 02 (Custom)Одлуката за неприфаќање на мандатите и бојкотирање на институците е пред колапс откако неколку пратеници денеска најавиле дека најверојатно ќе ги прифатат мандатите и дека ќе седнат во собраниските клупи делувајќи како независни пратеници. Извори за Прес24 велат дека дел од нив биле револтирани поради тоа што со верификацијата на пратеничкиот мандат ги загубиле работните места во јавните институции. Станува збор за најмалку 4 пратеници, кои се наоѓаат на добитните места на пратеничките листи. Дел од нив денеска голем дел од денот го поминале во ходниците на Александар Палас во надеж дека партијата ќе се премисли и ќе ја смени одлуката, но според поледното партиско соопштение, тоа не се случи.
Во СДСМ владее паника некој од оние кои се подолу на листите да не се реши да седне во собраниските клупи, па извори од партијата не ја исклучуваат можноста, како што пишува Прес24, пратениците на кои им се верификувани мандатите цели 6 месеци воопшто да не поднесат оставки и на тој начин да не им дозволат на оние под нив да добијат пратенички мандат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top