| четврток, 6 декември 2018 |

Висока смртност кај децата во Албанија

albania
Албанија се наоѓа на прво место меѓу земјите во регионот кога станува збор за смртноста на децата до пет годишна возраст, се наведува во годишниот извештај на организацијата „Спасете ги децата” за здравјето на мајките и децата, нивото на образование и економскиот и политичкиот статус.
Како што јави дописникот на МИА, нивото на смртност изнесува 16,7 на илјада живородени деца, додека во другите земји од регионот е под 12 на илјада живородени деца.

Кога стнува збор за смртноста на мајките за или по породувањето, Албанија е подредена на 83-то место во светот, каде ризикот од смрт за време на бременоста или пордувањето е 1 на 2.200 породувања.

На прво место е Финска каде има помалку од еден смртен случај во 12.000 породувања, додека на последно место е Сомалија каде починуваат една од 16 бремени лени или родилки.

Во однос на нивото на образование, во извештајот стои дека од 178 земји во светот Албанија се наоѓа на 119 место, бидејќи просекот на години на образование кај децата е 10,8. Споредено со земјите од централна и источна Европа, албанските деца имаат најмалку години на образование во регинот.

Позитивен показател лани во Албанија е забележан во застапеноста на жените во власта, критериум, според кој, земјата е на 106 место. Моментно 20 отсто од пратениците во албанскиот Парламент се жени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top