| четврток, 6 декември 2018 |

Мекејлеб и Илиевски обвинети за затајување данок

bo-mekelebМакедонските репрезентативци Владо Илиевски и Лестер Бо Мекејлеб се на листата од 17 кошаркари кои се обвинети од италијанската финансиска полиција за притајување на данок и давање лажни фактури додека играле за Монтепаски Сиена. Според италијанските медиуми, дури 17 екс кошаркари на клубот од Сиена избегнувале плаќање на данок. Клубот во периодот од 2006 до 2013 затаил данок со вкупна сума од 16 милиони евра.

Менаџменот на клубот користел нелегални методи за плаќање на странските играчи, односно им овозможувал платите да ги добиваат на сметки во странство и со тоа избегнувал плаќање данок во Италија. Во бурата која го зафати Монтепаски Сиена, најмногу ќе настрада газдата Фердинандо Минучи кој веќе е во притвор, а постои реална опасност клубот да го загуби прволигашкиот статус и да биде префрлен во најнискиот степен на натпреварување.
На листата обвинети играчи се Лавринович, Римантас Каукенас, Шон Стоунрук, Ромен Сато, Бенџамин Езе, Хенри Домеркант, Николаос Зисис, Марвис Торнтон, Дејвид Мос, Малик Херстон, Дејвид Андерсен, Дејвид Хоукинс, Милован Раковиќ, Виктор Саникидзе, Игор Ракочевиќ, и двајцата наши кошаркари.

Според весниците „Кориере дела сера“ и „Кориере дело спорт“, најголем долг кон државата Италија по основ на неплатен данок има Литванецот Лавринович кој затаил 2.490.000 евра во периодот од 2007 до 2012 година. За МекКејлеб пишува дека направил прекршок во законот за фискалната година 2011/2012, а Илиевски не пријавил данок за платата која ја земал во 2008 година додека го носеше дресот на Монтепаски.

Извор: Македонски спорт

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top