Одбојкарската репрезентација на Македонија ја забележа втората победа во претквалификациите за Европското првенство 2015 година. Вечерва во Струмица „црвено-жолтите“ беа подобри од Грузија со 3:0 во сетови (25:13, 25:12 и 25:14).
Избраниците на селекторот Жарко Ристовски по вчерашната исто така убедлива победа без изгубен сет кога совладан беше Азербејџан, на крајот во оваа група ќе завршат најмалку втори и со огромна веројатност ќе одат во следната фаза.
Таму ќе се пласираат првопласираните од трите групи и двете најдобро пласирани втори. Македонија доколку заврши на 2.место веројатно ќе биде подобропласирана од репрезентацијата која ќе биде втора во групата 2.
Сепак нашите репрезентативци, без разлика на речиси обезбеденото учество во следната фаза од квалификациите, најавуваат борба за првото место на утрешниот дуел со Шведска.
Швеѓаните денеска со 3-0 го победија Азербејџан и исто како Македонија имаат две победи со максимален сет количник во групата 3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


