Само што започна последниот меч за Интер за Хавиер Занети. Голем дрес со бројот четири и „благодарам“ среде стадионот „Џузепе Меаца“ го отвори вечерашниот натпревар против Лацио. Покрај ова, раководството на „нероаѕурите“ во чест на Занети ќе го повлече дресот со број 4, што во последните две децении го носи Аргентинецот.

Занети е еден од најомилените фудбалери на планетата, без разлика на клупската определба и го почитуваат и навивачите на конкурентските клубови.
В недела наутро по дуелот со Лацио на прес-конференција Занети ќе објави дека се повлекува од активно играње фудбал. Интересно е што тоа ќе го стори на истото место на кое во 1995 година беше најавен како ново засилување на Интер од редовите на аргентинскиот клуб Банфилд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


