| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени 20 Руси за веење на руското знаме низ Будва

Полицијата во црногорскиот приморски град Будва уапси 20 државјани на Русија, поради „нарушување на јавниот ред“.

Како што објави подгоричкиот весник „Вијести“, Русите се приведени затоа што вчера со девет автомобили на кои биле развиорени руски знамиња кружеле низ улиците на Будва. Тие изјавиле дека на тој начин сакале да го прослават Денот на победата над фашизмот.

Според црногорското законодавство, казната за истакнување или користење на знаме, грб или симболи на друга држава на јавно место предвидена е парична казна од 100 до 500 евра или до најмногу 30 дена затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top