| четврток, 6 декември 2018 |

Доделени ваучери за новороденчињата во Кисела Вода

билјана беличанец

По јубилеен 10. пат, на родителите од општина Кисела Вода им беа доделени ваучери за нивните новороденчиња.

– Семејството е главниот столб за опстанок на еден народ, за градење на едно здраво и силно општество. Со досега доделените 463 ваучери, сметаме дека ние, како локална самоуправа, правиме чекор напред во надминувањето на глобалниот проблем, падот на наталитетот, кој и во Македонија е голем проблем-изјави градоначалничката Билјана Беличанец-Алексиќ.

Честитајќи им на новите родители, истакна дека денес се доделуваат 37 ваучери за новородени деца, од кои 19 се машки, а 18 женски. Воедно, ги повика сите родители кои ги исполнуваат условите, да ја достават потребната документација до општинските служби за и тие да можат да подигнат еднократна парична помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top