| четврток, 6 декември 2018 |

Турскиот министер за евроинтеграции: СДСМ создава штетни сценарија за Македонија

cavuzoglu

Опозицијата да влезе во Парламентот што е можно поскоро, оти одлуката за бојкот е всушност злоупотреба на довербата од гласачите. Турскиот министер за евроинтеграции Мевлут Чавушоглу во интервју за „Канал 5“ вели дека апстиненцијата од работата во законодавниот дом е во спротивност со духот на демокртијата, а на изборниот процес гледа како чекор напред во продлабочување на демократскиот курс на земјата. Изборниот резултат е одраз на волјата на граѓаните и оттаму победата на партијата која освоила најмногу гласови е легитимна, вели Чавушоглу.

-Сакам да им честитам на претседателот Ѓорге Иванов и на премиерот Никола Груевски за ре-изборот и се надевам овој нов мандат ќе и донесе на Македонија уште поголем мир и просперитет. Сите изборни процеси низ кои се изразува слободната волја на граѓаните придонесуваат за продлабочување и консолидирање на демократијата. Македонскиот народ одлучи за политичката насока на нивната земја во демократска атмосфера и уште еднаш ја покажа својата посветеност кон основните демократски вредности, вели Чавушоглу.

-Македонските политички партии мора да се воздржат од предизвикување какви било немири кои можат да предизвикаат криза, што ќе има негативно влијание врз меѓународниот имиџ на земјата. Турција отсекогаш го поддржувала зачувувањето на мултиетничко и мултикултурно општество во Македонија , како и целосна интеграција на земјата во европските институции.Јас верувам дека во вистински демократии и држави управувувани со владеењето на правото, нема место за насилство , и во политичката и во јавната сфера. Несогласувањата на опозицијата мора да бидат искажани во рамките и во границите на демократијата, вели Чавушоглу.

Токму затоа Чавушоглу недвосмислено бара опозицијата да ги прифати освоените мандати.

-Ставот на опозициската партија да ги бојкотира резултатите од изборите и да не учествува во новоизбраниот парламент е во спротивност со духот на демократијата. Политичките партии треба да се воздржат од поткопување на вербата во демократијата. Без демократија, постоењето на било која политичка партија би било бесмислено. Се надевам дека сите политички партии во Македонија ќе ги заземат своите  места во новоизбраниот парламент што е можно поскоро . Апстиненцијата од обврските на застапеност и неучеството може да се сфати како злоупотреба на довербата на гласачите. Луѓето ги избираат своите претставници и од нив ги бараат своите права, тие се нивните гласови во Парламентот. Резултатот на изборите не може да ја задоволи опозициската партија, но во напредна демократија првиот чекор на опозицијата при  партиската трка е да почитува резултатите, не да ги  бојкотира.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top