| четврток, 6 декември 2018 |

Чувар на македонскиот литературен јазик

Гла­сот ѝ е дар од бо­га, но Сто­ил­ков­ска пле­ни и со неј­зи­ни­от пра­во­го­вор, кој се дол­жи на про­фе­си­о­нал­ни­от ан­гаж­ман ка­ко спи­кер­ка. Ко­га збо­ру­ва, чи­ниш ја пее нај­у­ба­ва­та ма­ке­дон­ска ме­ло­ди­ја. Таа е чу­вар на ма­ке­дон­ски­от ли­те­ра­ту­рен ја­зик, на ма­ке­дон­ска­та на­род­на пес­на, ма­ке­дон­ска­та кул­ту­ра и на ма­ке­дон­ска­та ка­у­за да­ле­ку од сво­ја­та род­на зем­ја, не­у­мо­рен соз­да­тел во умет­но­ста, а во пос­лед­ни­ве го­ди­ни пи­шу­ва и по­е­зи­ја

Се срет­нав­ме на пло­шта­дот во Скоп­је. Со­се­ма слу­чај­но. А, и не мо­же да би­де по­и­на­ку би­деј­ќи да ја срет­не­те Лил­ја­на Сто­ил­ков­ска-Ан­дов­ска, од­нос­но те­тка Ли­ле, ка­ко што ја ви­кав­ме во МРТВ ко­га за­ед­но ра­бо­тев­ме во ин­фор­ма­тив­на­та про­гра­ма, во пос­лед­ни­ве пет­на­е­се­ти­на го­ди­ни е ви­стин­ска сре­ќа би­деј­ќи таа жи­вее во Швед­ска. Отка­ко си ка­жав­ме збор-два, се до­го­во­рив­ме да се срет­не­ме след­ни­от ден и да си по­при­ка­же­ме за вре­ми­ња­та ми­на­ти и за овие се­гаш­ни­ве. Ја за­мо­лив да си по­не­се и не­кол­ку фо­то­гра­фии што ѝ се осо­бе­но дра­ги.

– До­бро, но, за жал, по­ве­ќе­то ми се во Швед­ска, ама ќе нај­дам не­што – ми ре­че Сто­ил­ков­ска-Ан­дов­ска.

Liljana-Stoilkovska-2

След­ни­от ден, спо­ред до­го­во­ре­но­то, се сме­стив­ме удоб­но во ед­но ка­фу­ле бли­зу до неј­зи­ни­от дом во Кар­пош и поч­нав­ме да раз­го­ва­ра­ме. Ка­ко што бе­ше ло­гич­но, пр­во ја пра­шав ка­ко ѝ ми­ну­ва жи­во­тот во Швед­ска.

– Ех, не е За­па­дот, па и Швед­ска во слу­ча­јов, она­ка ка­ко што јас и по­ве­ќе­то лу­ѓе од ту­ка си за­мис­лу­ва­ме. Жи­во­тот е су­во­па­рен, без ква­ли­тет­на со­др­жи­на. За по­го­ле­ми­от број на­шин­ци врв­но до­стиг­ну­ва­ње е да им пее не­ко­ја пе­јач­ка по та­мош­ни­те ре­сто­ра­ни, а тие да ѝ ста­ва­ат па­ри во де­кол­те­то. Ма­ке­дон­ци­те та­му те­шко мо­же­те да ги срет­не­те во те­а­тар, опе­ра или не­ко­ја ква­ли­тет­на кул­тур­на ма­ни­фе­ста­ци­ја. Од 17 друш­тва, се­га има 11. А, са­мо во Мал­ме жи­ве­ат око­лу 4.000 Ма­ке­дон­ци. Но, за жал, сла­бо сме ор­га­ни­зи­ра­ни. Имам впе­ча­ток де­ка си­те дру­ги ет­нич­ки за­ед­ни­ци се по­до­бро ор­га­ни­зи­ра­ни од нас. Јас со го­ди­ни се оби­ду­вам да по­мог­нам за да го ор­га­ни­зи­ра­ме кул­тур­но­то жи­ве­е­ње на Ма­ке­дон­ци­те на ед­но по­ви­со­ко ни­во. Ор­га­ни­зи­рав те­а­тар­ски прет­ста­ви, кук­лен те­а­тар, ли­те­ра­тур­ни сред­би, кул­тур­ни ма­ни­фе­ста­ции, но те­шко оди. Тре­ба мно­гу по­ве­ќе да ни по­мог­не и на­ша­та др­жа­ва. Во Швед­ска рас­те тре­та­та ге­не­ра­ци­ја Ма­ке­до­ни­ја. Сѐ по­мал­ку го го­во­рат ма­ке­дон­ски­от ја­зик. Ги не­ма на пре­да­ва­ња­та по ли­те­ра­ту­рен ма­ке­дон­ски го­вор. Жал­но е. Ќе нѐ аси­ми­ли­ра­ат. Ќе се за­гу­би­ме – со огор­че­ност и ре­зиг­ни­ра­ност ни рас­ка­жу­ва Сто­ил­ков­ска-Ан­дов­ска за жи­во­тот во Швед­ска.

И ред бе­ше да поч­не­ме да збо­ру­ва­ме за неј­зи­ни­от жи­во­тен и, пред сѐ, му­зич­ки пат. На по­че­то­кот гор­де­ли­во и низ нас­ме­вка по­тен­ци­ра­ше: „Јас сум ста­ра скоп­јан­ка, ро­де­на на пло­шта­дот „Сло­бо­да“, ка­де што бе­ше на­ши­от дом, а мо­и­те по­тек­ну­ваа од Ма­ла Прес­па”. Неј­зи­ни­от прв му­зич­ки на­стап бил на осум­го­диш­на во­зраст во 1954 го­ди­на ко­га ка­ко најм­лад учес­ник на ма­ни­фе­ста­ци­ја ор­га­ни­зи­ра­на по по­вод Но­ва го­ди­на, без при­друж­ба на ор­ке­стар, ги от­пе­а­ла две­те на­род­ни пес­ни „Мо­ре со­кол пие“ и „Јо­ва­но, Јо­ван­ке“.

Во 1961 го­ди­на се фор­ми­ра­ле мла­дин­ски гру­пи „Цр­ве­ни ка­ран­фи­ли” од Ма­ке­до­ни­ја. Тоа би­ле гру­пи фор­ми­ра­ни од та­лен­ти во си­те об­ла­сти на умет­но­ста и тре­ба­ло да го­сту­ва­ат во До­мот на син­ди­ка­ти­те во Бел­град по по­вод ро­ден­де­нот на Мар­ша­лот. Сто­ил­ков­ска влег­ла во гру­па­та за ин­тер­пре­та­ци­ја на ма­ке­дон­ски на­род­ни пес­ни. Ја пе­е­ла „Ку­ќа имам на Пе­ли­стер“ од Јон­че Хри­стов­ски. Има­ла 15 го­ди­ни и би­ла во пр­ва го­ди­на учи­тел­ска шко­ла. Би­ла член во хо­рот при учи­тел­ска­та шко­ла „Ни­ко­ла Ка­рев“, под ди­ри­гент­ска пал­ка на Бла­го­ја Чеш­ла­ров. На­ста­пу­ва­ла и на ме­ѓу­на­род­ни нат­пре­ва­ри во Цел­је и во Рад­го­на. Сто­ил­ков­ска ве­ли де­ка Ва­сил Поп Ду­чев и Бла­го­ја Чеш­ла­ров ја вне­ле во му­зи­ка­та.

Liljana-Stoilkovska-3

На 21 де­кем­ври 1962 го­ди­на во еми­си­ја­та „Вие пред ми­кро­фо­нот“, што се одр­жу­ва­ла во До­мот на ар­ми­ја­та, на­ста­пи­ла со ед­на на­род­на пес­на „Ја по­дај ми ли­бе ед­на ча­ша ви­но“, а би­ла при­дру­жу­ва­на од ор­ке­ста­рот на Ко­чо Пе­тров­ски. Во ко­ми­си­ја­та би­ле Ди­ми­тар Ма­сев­ски, Ѓа­ко­нов­ски Шпа­то и Ѓо­ко Ге­ор­ги­ев. Ја до­би­ла пр­ва­та на­гра­да за на­род­на ин­тер­пре­та­ци­ја, а Ви­о­ле­та То­мов­ска за за­бав­на. На­гра­да­та има­ла мож­ност са­ма да си ја од­бе­ре, па од­бра­ла по­го­ле­ма чи­ни­ја со поз­ла­та, ко­ја­што, ка­ко што ве­ли, пре­жи­ве­а­ла зем­јо­трес и три пре­сел­би. След­ни­те де­но­ви ма­е­стро Ко­чо Пе­тров­ски до­шол во неј­зи­ни­от дом за да ги убе­ди ро­ди­те­ли­те да ја пу­штат Лил­ја­на да на­ста­пу­ва со не­го­ви­от ор­ке­стар. Та­тко ѝ не ни зна­ел де­ка таа поч­на­ла да се за­ни­ма­ва со пе­е­ње и на Пе­тров­ски му ре­кол тој сво­и­те де­ца да ги на­пра­ви пе­ја­чи, а не­го­ви­те да ги оста­ви на мир. Пе­тров­ски вид­но раз­о­ча­ран, си за­ми­нал, а Лил­ја­на од тој мо­мент би­ла под по­го­ле­ма кон­тро­ла, осо­бе­но на та­тко ѝ. Во март след­на­та го­ди­на со драм­ска­та сек­ци­ја од учи­тел­ска­та шко­ла отиш­ла на нат­пре­вар во Но­ви Сад со ед­но­чин­ка од Че­хов и до­би­ла пр­ва на­гра­да. По­тоа се за­пи­ша­ла во кул­тур­но-умет­нич­ко­то друш­тво „Ор­це Ни­ко­лов“, а на­ста­пу­ва­ла и во „Ко­чо Ра­цин“, „Ко­ста Абра­ше­виќ“, „Мир­че Ацев“ и „Вла­до Та­сев­ски“. Пос­ле Но­ви Сад, трој­ца ре­жи­се­ри дош­ле да ја ба­ра­ат за на ака­де­ми­ја во Бел­град. Но, од неј­зи­ни­те ро­ди­те­ли го до­би­ва­ле исти­от од­го­вор, де­ка тие не са­ка­ат да слуш­нат да би­де не­што дру­го, освен учи­тел­ка. Ток­му за­тоа Лил­ја­на би­ла при­ну­де­на си­те неј­зи­ни актив­но­сти по­вр­за­ни со му­зи­ка­та да ги крие од неј­зи­ни­те ро­ди­те­ли.

Liljana-Stoilkovska-4

– Си­те па­ри што ги до­би­вав од вуј­ко ми и од чич­ко ми му ги да­вав на по­ма­ли­от брат да оди во ки­но, а јас исто­вре­ме­но одев на про­ба. По­тоа за­ед­но се вра­ќав­ме на­кај до­ма, а брат ми не им ка­жу­ва­ше на ро­ди­те­ли­те за мо­и­те актив­но­сти – рас­ка­жу­ва Сто­ил­ков­ска.

По скоп­ски­от зем­јо­трес во 1963 го­ди­на Лил­ја­на отиш­ла да учи учи­тел­ска шко­ла во Би­то­ла, а жи­ве­е­ла кај свои род­ни­ни. Но, ме­ра­кот кај Лил­ја­на за пе­е­ње бил мно­гу го­лем, па таа и во Би­то­ла на­ста­пи­ла на ма­ни­фе­ста­ци­ја­та „Вие пред ми­кро­фо­нот”. Ја пе­е­ла пес­на­та „Цве­ти­ни очи че­ре­шо­ви” и ја до­би­ла вто­ра­та на­гра­да. По­тоа на­ста­пу­ва­ла и на Ра­дио Би­то­ла, ка­де што го за­поз­на­ла Пе­пи Ба­фти­ро­ски. Во Би­то­ла че­сто на­ста­пу­ва­ла со кул­тур­но-умет­нич­ки­те друш­тва „Илин­ден“ и „Стив На­у­мов“.

По­доц­на се вра­ти­ла во Скоп­је и го про­дол­жи­ла обра­зо­ва­ни­е­то. По за­вр­шу­ва­ње­то на учи­тел­ска­та шко­ла, се по­ја­вил автор од Би­то­ла по име Ѓор­ѓи Бел­џи­ге­ров­ски, кој­што ин­си­сти­рал Лил­ја­на да пее не­го­ви пес­ни. При ед­на сред­ба со про­ду­цен­тот од „Ју­го­тон“ со ор­ке­ста­рот на Ра­дио Скоп­је, под ра­ко­водс­тво на Љуп­чо Пан­ди­лов­ски, по­ба­ра­ле Сто­ил­ков­ска да сни­ми сингл-пло­ча со че­ти­ри но­во­соз­да­де­ни пес­ни од Ѓор­ѓи Бел­џи­ге­ров­ски. Би­деј­ќи Би­то­ла се збра­ти­ми­ла со Епи­нал од Фран­ци­ја, Сто­ил­ков­ска со кул­тур­но-умет­нич­ко­то друш­тво од Би­то­ла оди на де­сетд­нев­на тур­не­ја во Фран­ци­ја. Та­му на­ста­пи­ла ка­ко во­ди­тел на про­гра­ма­та, а и ка­ко со­лист. Ја пе­е­ла „Ко­га пад­на на Пи­ри­на ра­нет Ја­не Сан­дан­ски“.

Во 1964 го­ди­на ан­самб­лот „Та­нец“ об­ја­вил кон­курс за нов член, а исто­вре­ме­но се об­ја­вил и кон­курс за спи­кер во РТВ Скоп­је. И на два­та кон­кур­си единс­тве­но би­ла при­ме­на Сто­ил­ков­ска. Таа пр­во отиш­ла во „Та­нец“, но то­гаш­ни­от ди­ре­ктор на ан­самб­лот ро­ди­тел­ски ја по­со­ве­ту­вал: „По­до­бро е да одиш во РТВ ка­ко спи­кер, а ту­ка јас да мо­жам те ви­кам ко­га ќе има по­тре­ба од те­бе”.

Liljana-Stoilkovska-5

По по­дол­га па­у­за, во 1969 го­ди­на поч­на­ла да ра­бо­ти во Ра­дио Скоп­је, но со по­втор­на ау­ди­ци­ја. Па­ра­лел­но сту­ди­ра­ла ма­ке­дон­ски и срп­ски ја­зик, а по­тоа и пе­да­го­ги­ја. По 12 го­ди­ни, во 1981 го­ди­на Ма­те­ја Ма­тев­ски ѝ на­пра­вил че­ти­ри пес­ни што ги от­пе­а­ла во сту­ди­о­то во Ра­дио Скоп­је. Тоа би­ле че­ти­ри ста­ри пес­ни, а по­тоа уште че­ти­ри пре­пе­а­ни. Ме­ѓу нив ги изд­во­ју­ва­ме: „Ај­де раз­бо­ле се мој­то ли­бе“, „Не­шо пи­ле“, „Еј сла­веј­че“, „Бу­чат ми сил­ни ве­тро­ви“ и не­кол­ку под­за­бо­ра­ве­ни ко­мит­ски пес­ни. Во 1982 го­ди­на учес­тву­ва на Ва­лан­дов­ски­от фе­сти­вал со пес­на­та „Зе­ми ја ги­та­ра­та“. Во 1984 го­ди­на, исто та­ка, на Ва­лан­до­во ја от­пе­а­ла „Две ча­ши ви­но“. Две го­ди­ни по­доц­на по­втор­но на­ста­пи­ла на Ва­лан­дов­ски­от фе­сти­вал, ка­де што ја от­пе­а­ла пес­на­та „Ти­вко ви­о­ли­но“ и до­би­ла на­гра­да за сцен­ски на­стап. На до­маш­ни­те фе­сти­ва­ли на­ста­пу­ва­ла на „Цвет­ни­ци“ и на „Го­це-фест“. На­ста­пу­ва­ла и на ме­ѓу­гра­нич­ни сред­би, по­тоа на Илин­ден­ски­те де­но­ви, на сред­би­те во Тр­но­во, а има и го­лем број тур­неи по Евро­па и све­тот. Во неј­зи­ни­от те­а­тар­ски ан­гаж­ман се за­бе­леж­ли­ви на­ста­пи во мо­но­дра­ма­та „Ка­лу­ѓер­ка“ од То­ме Или­ев­ски, по­тоа „Гос­по­ѓа Ми­ни­стер­ка“ ра­бо­те­на од Сне­жа­на Ко­нев­ска-Ру­си и из­ве­де­на во Драм­ски те­а­тар во Скоп­је, ка­ко и дра­ма­та „Не­о­бич­на же­на“ од Ни­на Са­дурн, игра­на со ал­тер­на­тив­ни­от те­а­тар „Че­ко­ри“.

Сто­ил­ков­ска ве­ли де­ка ма­ке­дон­ски­от ја­зик е ка­ко му­зи­ка. И, ве­ру­вај­те де­ка е ви­стин­ско ужи­ва­ње да ја слу­ша­те до­де­ка збо­ру­ва. Гла­сот ѝ е дар од бо­га, но ве пле­ни и со неј­зи­ни­от пра­во­го­вор, кој се дол­жи на про­фе­си­о­нал­ни­от ан­гаж­ман ка­ко спи­кер­ка. Ко­га збо­ру­ва, чи­ниш ја пее нај­у­ба­ва­та ма­ке­дон­ска ме­ло­ди­ја. Таа е чу­вар на ма­ке­дон­ски­от ли­те­ра­ту­рен ја­зик, на ма­ке­дон­ска­та на­род­на пес­на, ма­ке­дон­ска­та кул­ту­ра и ма­ке­дон­ска­та ка­у­за да­ле­ку од сво­ја­та род­на зем­ја. Таа е не­у­мо­рен соз­да­тел во умет­но­ста. Во пос­лед­ни­ве го­ди­ни пи­шу­ва и по­е­зи­ја, ко­ја­што е сме­сте­на во збир­ки­те „Акси­ос“, „Раз­бу­де­на бид­ни­на“, „Свет­ли­на врз тра­ги­те“ и пос­лед­на­та е со ра­бо­тен нас­лов „Ана­то­ми­ја на чув­ства­та“.

 

(Пишува: Тони Стојкоски | Фото: Игор Ан­ге­лов­ски и при­ват­на ар­хи­ва
Текст објавен во 87. број на неделникот „Република“, 2.05.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top