-„Стандард и Пурс“ е една од трите најголеми рејтинг агенции во светот и нивната потврда на кредитниот рејтинг која ни ја соопштија денес е секако добар сигнал дека макроекононските политики во Република Македонија се добро поставени, вклучително нивото на долгот кое е оценето како умерено, фискалната политика, монетарната политика, банкарскиот сектор, но и подобрување на состојбите со невработеноста каде имаме намалување – рече Ставрески
Министерот нагласи дека сето тоа помогна во вакви релативно тешки времиња, кога во други земји се намалува рејтингот, како Хрватска и Украина, на Република Македонија и е потврден рејтингот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



