| четврток, 6 декември 2018 |

Газда Паја на отворање на нов скопски клуб

Срспкиот пејач и рапер Газда Паја утре, сабота, доаѓа во Скопје на едночасовно шоу.

Најпознат по неговата „Чке Београдске“, Газда Паја ќе ја забавува македонската публика на отворањето на новиот ноќен клуб, кој се наоѓа на местото на поранешен „Социјал клуб“, до кафе-бар „Тренд“, во центарот на Скопје.

Настапот на Газда Паја ќе биде збогатен со танчарки од Белград.

„Иноватива груп“ за периодот што следува најавуваат летна турнеја низ македонските клубови и дискотеки на суперзабавниот рап-артист Газда Паја.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top