Утринава уште едно лице што беше повредено во сообраќајната несреќа која на 4 мај се случи на патот Битола-Прилеп му подлегна на повредите.
Се работи за 21-годишниот Х.А. од селото Алданци, Крушевско.
Несреќата се случи меѓу два автомобили „фиат тофас“ и „фолксфаген голф“, бројката на загинати се искачи на шест.
На самото место починаа пет лица, а две лица со тешки повреди беа пренесени во болница. Од учесниците во тешката сообраќајка, единствен преживеан засега е 18-годишниот М.Ј., исто така од Алданци.
Детали тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


