| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија со гордост ги одбележува Денот на Европа

Со положување цвеќе пред споменикот на ослободителите на Скопје денеска во Македонија официјално е одбележан 9 Мај – Денот на победата над фашизмот.

Цвеќе положија делегација на Владата предводена од премиерот Никола Груевски, делегации од Собранието, од кабинетот на Претседателот, од АРМ, Град Скопје, претставници на борците, на политичките партии, на ОБСЕ и на амбасадите на Русија, Србија, Украина и САД.

На 9 мај 1945 година Германија ја потпиша капитулацијата со што официјално заврши Втората светска војна. Сепак, како што посочи борецот на Втората македонска ударна бригада, Александар Коневски, кој завршувал во завршните борби за ослободување на Југославија, војната во поранешната држава траела до 15 мај.

9 maj arm fashizam (2) (Custom)

– Добро се сеќавам на овој ден, бидејќи бевме многу среќни кога разбравме дека Германија капитулирала иако борбите за целосно ослободување на Југославија траеја до 15 мај – изјави Коневски.

Република Македонија со гордост ги одбележува овие два светли датума од историјата. Во годината кога ја славиме 70-годишнината од Првото заседание на АСНОМ се сеќаваме и на големиот придонес на нашиот народ во победата над фашизмот, момент што придонесе за траен мир на европскиот континент, нагласи претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов, денеска по свеченото дефиле на единиците на АРМ по повод 9 Мај
– Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот.

9 maj arm fashizam (1) (Custom)

Денот на победата, истакна Иванов, значеше и градење нов демократски свет на нови вредности и нови односи. Се формираа Обединетите нации, НАТО, ЕУ, посочи тој.

Денешниот настан, според претседателот Иванов, е само уште една потврда дека АРМ останува подготвена да го заземе своето место во НАТО затоа што, подвлече, и натаму стоиме на вредностите што пред речиси седум децении доведоа до пад на фашизмот и до создавање предуслови за обединување на Европскиот континент.

9 maj arm fashizam (7) (Custom)

– Избирајќи го вистинскиот пат онака како што беше направено во Втората светска војна оваа генерација заслужува да биде дел од Европа и дел од прогресивниот и напреден свет како земја со демократски и економски просперитет. Сите пречки кои се од несуштинска природа и кои немаат ништо заедничко со вредностите над кои е изграден современиот демократски свет нема да нѐ спречат да дојдеме до нашата цел, е пораката што ја упати претседателот и врховен командант на вооружените сили на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по свеченото дефиле на единиците на АРМ во скопската касарна „Илинден“.

9 maj arm fashizam (4) (Custom)

Честитајќи им го 9 Мај – Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот на припадниците на АРМ и на присутните воени акредитирани аташеа во земјава, како и на останатите граѓани, Иванов изрази уверување дека тие ќе продолжат да работат според трите вредности што ги одбележаа, како што рече, овие децении: патриотизам, постојаност и професионализам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top