Ракометарите на Металург и Вардар Про ги рутински ги одработеа мечевите со послабите противници и се задржаа на позициите кои обезбедуваат место на Фајнал форот во регионалната ракометна лига. Металург со 27 бодови од вечерва е втор, а Вардар Про е со 26 е на делба на третото место со Загреб.
Првакот во Автокоманда уште на почетокот создаде предност која растеше константно до конечни 28-18 иако уште по 30 минути игра (13-8) се виде дека Слога Добој нема што да бара на гостувањето во нашиот главен град. Најефикасен кај Металург беше Дејан Манасков со 10 голови.
Во Љубушки кај Извиѓач, Вардар Про имаше извонредно издание кое кулминираше со убедлив триумф од 34-21. Победата беше најавена до полувремето (18-13), а во неа со најмногу голови учествуваа Филип Лазаров со 7 и Драгаш со 5 погодоци.
Во следното 14 коло на 27 февруари Металург оди кај Ловќен, а Вардар Про кај Татран Прешов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


