Македонската претставничка Тијана вчеравечер во Копенхаген не доби доволно гласови за да влезе во евровизиското финале. И покрај одличниот настап, Македонија се најде меѓу оние пет земји на кои од пред нос им замина следната фаза од натпреварувањето.
Разочарани останаа Македонците, Тијана, но и целиот евровизиски тим. Нејзината сестра и придужен вокал, Тамара Тодевска, на „Фејсбук“ веднаш го кажа својот став.
– Македонија немала подобар претставник. Не што е моја, ама заслужуваше финале. Реално, очекувавме сите, морате да признаете, ама тоа е. Според мене, Македонија не треба да учествува повеќе на „Евровизија“. Доволно беше. Ве сакаме, и фала на поддршката – напиша Тамара.
Таа ја сподели и оваа фотографија, алудирајќи на австрискиот претставник, Кончита, кој го зазеде последното од десетте слободни места за во финале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.