| четврток, 6 декември 2018 |

Здравствените потврди за упис во градинка и во училиште се бесплатни

lekari

Здравствените потврди за упис во градинка и во училиште се бесплатни и можат да се обезбедат во здравствениот дом во местото на живеење. За упис се потребни потврдите за примени вакцини и превентивна стоматологија. Министерството за здравство информира дека потврдата за вакцинален статус ја издава службата за имунизација во здравствениот дом, а потврдата за забен статус ја издава службата за детска превентивна стоматологија.

– Нагласуваме дека потврдите се бесплатни и ги издава исклучително докторот, кој врши вакцинација во службите за имунизација, односно службата за превентивна стоматологија и тие не треба да се издаваат од матичните лекари – соопшти ресорното Министерство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top