| четврток, 6 декември 2018 |

Аутлет распродажба во Техномаркет

Техномаркет спроведува прва аутлет распродажба на техника под мотото „Трчаме во Техномаркет“. Акцијата што ќе започне во петок, 9. мај, а ќе трае до недела, 11. мај или додека траат залихите, ќе опфати намалувања од 10, 20, 30, 40 и 50% на дел од производите од бела и црна техника, IT, мали кујнски апарати, телефони и друго.

На 9. мај, точно на полноќ, на веб страницата на компанијата ќе бидат истакнати сите артикли со дадениот outlet попуст, што ќе им бидат достапни на потрошувачите истиот ден, во сите продажни салони на Техномаркет ширум државата, но тие нема да важат за услугата онлајн купување.

Најголемиот синџир на продавници за техника за првпат во Македонија организира аутлет распродажба, што значи купување производи од минатите сезони со големи намалувања и со тоа ќе им овозможи на граѓаните да ги доопремат своите домови по неверојатно атрактивни и пристапни цени.

На овој начин компанијата уште еднаш ја потврдува својата заложба, константно да води грижа за своите потрошувачи и преку интересни и иновативни акции да ја награди нивната долгогодишна доверба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top