Четири возила, од кои два автомобили, едно комби и еден трактор, учествувале во сообраќајната несреќа што денеска околу 13 часот и 30 минити се случила на регионалниот пат Тетово – Јажинце на влезот во селото Слатино, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Според неговите првични информации, при тоа десетина повредени лица веднаш биле префрлени во тетовската клиничка болница, каде што им се укажала медицинска помош и се врши утврдување на видот и на карактерот на повредите.
Во сообраќајката, за која причините сè уште се непознати, учествувале автомобили „мерцедес“ и „фолксваген пасат“, како и комби „фолксваген“, сите со тетовски регистарски таблички и трактор без регистарски таблички.
Полицијата во моментов врши увид на местото од сообраќајката и работи на утврдување на причините како дошло до неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


