Двајца се повредени во сообраќајката кај Зоолошка градина во Скопје, што се случи околу 13 часот. Според СВР Скопје двајца се пожалиле на повреди, но нема информации дали тие се префрлени во некоја од скопските болници. Во сообраќајката учествувале „форд“ со пробни регистарски таблички и „мицубиши колт“ со скопски регистарски таблички.
Фото: Игор Ангеловски (Република)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






