По повод одржувањето на манифестацијата Скопски маратон 2014 на 11.05.2014 година во период од 7.30 до 14 часот ќе биде изменет режимот на сообраќај.
Во дадениот период целосно затворени за сообраќај ќе бидат: улица „Димитрије Чуповски“, булевар „Илинден“, улица „Франклин Рузвелт“, улица „Војвода Васил Чакаларов“ (Адолф Циборовски), улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улица „11 Октомври“, делот на булевар „Крушевска Република“ од семафорите кај Тутунски комбинат до семафорите кај Полициска станица „Пролет“, булевар „3 Македонска бригада“, од семафорите кај Полициска станица „Пролет“ до крстосница со улица „Фрањо Клуз“, десната коловозна лента од булевар „Јане Сандански“, од Тобако во насока кон Аеродром сѐ до крстосницата со булевар „Србија“.
Делумно затворени за сообраќај ќе бидат: десната коловозна лента од булевар „Климент Охридски“ во насока од Матица до семафорите кај Влада, улица „Љубљанска“ во насока од булевар „Илинден“ до семафорите кај булевар „Партизански одреди“, улица „Московска“ во насока од булевар „Партизански одреди“ до Студентски дом „Гоце Делчев“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.