| четврток, 6 декември 2018 |

Тринаесетгодишната ќерка на Вил Смит во кревет со 20-годишно момче (ФОТО)

Фотографиите на 13-годишната Вилоу Смит, која лежи во кревет со своето 20-годишно момче, актер во детската серија „Хана Монтана“, на „Инстаграм“ ја сподели неговата колешка од серијата, пејачката Мајли Сајрус. Иако тие веднаш беа отстранети од интернет, веќе се најдоа во сите светски медиуми.

willow-smith-490tx-5

Ќерката на Вил Смит, која го следи својот татко во актерството и музиката, постојано е во друштво на актерот Мозес Ариес. Според „Холивуд лајф“, тоа е само пријателство и нема никаква сексуална врска. Тој е пријател со семејството и постојано е кај нив.

Ниту Вил ниту неговата сопруга Џејда Пинкен Смит не реагираа на фотографиите кои во секој момент добиваат сѐ повеќе лоши коментари.

Во нив, полуголиот Ариес седи на креветот, а малолетната Вилоу е спружена покрај него.

willow-smith-490tx-6

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top