Ветон Ш. (19) од струшкото село Горно Татеши на самото место им подлегнал на повредите додека телесни повреди добил сопатникот Б.А.(18) од истото село.
– Сообраќајната несреќа се случила во момент кога сега починатиот управувајќи патничко моторно возило марка „опел вектра“, поради неприспособена брзина изгубил контрола и излетал најнапред на левата страна на коловозот, а откако го вратил возилото на коловоз повторно излетал на десната страна удирајќи во бетонски електричен столб – информираат од полицијата.
На местото на тешката сообраќајна несреќа е извршен увид во присуство на јавен обвинител од Основниот суд во Струга, како и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Струга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



