Стотина сириски бунтовници вчера ги напуштиле своите последни упоришта во центарот на градот Хомс, кој беше едно од најсилните упоришта на бунтовниците.
Сунитските борци повеќе од една година од стариот дел на градот и околните квартови давале отпор под опсада и под артилериски оган на силите на Асад.
Напуштањето на градот доаѓа по неколкуте победи на војската на Асад со помош на либанската група Хесболах, особено по освојувањето на важниот коридор меѓу главниот град Дамаск и Хомс.
Повлекувањето од „колевката на револуцијата“ во која почна бунтот во 2011 година дополнително ја зацврстила контролата над земјата на Асад. Но, сѐ уште има големи делови каде што власта нема контрола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!