| четврток, 6 декември 2018 |

Љубовта не знае за граници: 31-годишен маж е вљубен во 94 -годишна жена

Дека љубовта не знае за граници еве уште еден пример. Кајл Џонс (31) од Питсбург никогаш не бил заинтересиран за своите врснички. Секогаш го привлекувале постари жени, а како што станува повозрасен границата на возраст станувала се поголема.

Денес за воопшто да може да биде со некоја жена таа мора да има најмалку 65 години. Негов најважен критериум го исполнува неговата последна девојка. Имено, тој во моментов е во врска со Марџори Мекул која неодамна наполни 94 години и која во Џонс нашла мошне грижливо момче.

PДвојката тврди дека се среќни и дека уживаат и покрај тоа што таа е родена кога завршила Граѓанската војна во ирска, а тј во време кога децата играа на „Комодоре 64“.

Кајл дури својата избраничка и ја претставил на мајка си која очигледно нема ништо против нивната врска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top