Пакетот број 1 на „Руен ИТ“ во стечај кој беше продаден на аукција, а го купи конзорциумот „Тинг инокс и Офис експрес“ од Кочани во вредност од 1,5 милион евра, ќе почне со работа од 1 јуни оваа година.
– Ќе почнеме со давање услуги во одделот за репарирање квачила, термичка обработка на делови и во ковачница, а потоа со 120 вработени ќе го стартуваме производството на делови – спојки за автомобилската индустрија во светот. Во реконструкцијата на машинскиот парк и обновата на инфраструктурата компанијата „Тинг инокс аутомобиле“ ќе инвестира 350.000 евра сопствени средства со што ќе се произведуваат спојки и други делови за автомобилската индустрија од инокс – истакна на денешната прес-конференција Славе Јорданов, директор на компанијата.
За почеток „Руен инокс аутомобиле“ ќе го вработи целиот стручен кадар од поранешната индустрија „Руен“ со цел да се раздвижи производството. Планира освојување на пазарите и вработување нови млади стручни кадри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.