Брисел претпочита ангажман, а не повлекување, вели гласноговорникот на Штефан Филе, Петар Стано, во интервју за порталот „Фактор“, одговарајќи на прашањето какви се политичките последици со бојкотот на СДСМ и дали Македонија е пред сериозна политичка криза.
-Ние сме свесни дека главната опозициска партија е разочарана со изборниот процес и не ги признава резултатите. Ова е несреќна ситуација. Ние претпочитаме ангажман, а не повлекување. Ние ќе продолжиме да ги поттикнуваме политичките лидери да се ангажираат во конструктивен дух за решавање на актуелните прашања – истакнува Стано за „Фактор“.
Тој додава дека потребен е конструктивен ангажман и дијалог меѓу Владата и опозицијата внатре во земјата, избегнувајќи да шпекулира за мешање од надвор.
За извештајот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за изборите, Стано истакнува дека нивната проценка се темели на широк спектар на прашања кои се детално опишани во извештаите.
-Во случај на вашите неодамнешни избори, тие се изјаснија дека биле ефективно спроведени – вели Стано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Ново продолжение на Собранието за бришење на РМ утре во 11 часот
-
Предлог законот за амнестија на лицата обвинети за „27. април“ не е усвоен
-
Граѓани преку Фејсбук повикуваат на бојкотирање на наставата во училиштата поради загадениот воздух