| четврток, 6 декември 2018 |

Се одбележува Денот на македонската полиција

cveke 2

Со денешното положување цвеќе пред споменикот на паднатите бранители припадници на МВР започна одбележувањето на  „7-ми Мај“, Денот на македонската полиција.

На пригодната церемонија која се одржа во Министерството за внатрешни работи, цвеќе положија министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во придружба на директорите на Бирото за јавна безбеденост и Управата за безбедност и контраразузнавање, Митко Чавков и Сашо Мијалков.

МВР соопшти дека  во текот на денот ќе се одржат низа манифестации во рамки на годинашново чествување на Денот на македонската полиција, а централниот настан ќе се одржи во Центарот за обука на кадри во Идризово во 12 часот каде што пригодно обраќање по овој повод ќе има министерката Јанкулоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top