| четврток, 6 декември 2018 |

Занети се простува в сабота, Интер ја повлекува „четворката“ во чест на легендата

Хавиер Занети ќе го одигра последниот меч за Интер в сабота на 10 мај против Лацио, а раководството на „нероаѕурите“ во негова чест ќе го повлече дресот со број 4, што во последните две децении го носи Аргентинецот.

Знети е еден од најомилените фудбалери на планетата, без разлика на клупската определба и го почитуваат и навивачите на конкурентските клубови.

В недела наутро по дуелот со Лацио на прес-конференција Занети ќе објави дека се повлекува од активно играње фудбал. Интересно е што тоа ќе го стори на истото место на кое во 1995 година беше најавен како ново засилување на Интер од редовите на аргентинскиот клуб Банфилд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top