Месната индустрија е меѓу производствените гранки што најмногу влијаат на климатските промени, таа е „виновна“ за околу 14,5 отсто од вкупните гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина. Проблемот е тоа што консумирањето месо е во пораст па како што светската популација се зголемува, според мислењето на стручњаците, последиците од „месојадците“ би можеле да бидат катастрофалани за климатските промени, загадувањето и на крајот на самата Земја.
Луѓето го сакаат месото – кога сиромашните ќе почнат да заработуваат повеќе пари, неизбежно ќе почнат да купуваат и да јадат повеќе месо, пишува „Бизнис инсајдер“.
Обидите да се намали консумирањето месо засега се многу мали, односно во прашање се осамени акциите како „безмесен понеделник“, „веган пред шест години“, „ин витро бургери“. Што би се случило ако еден ден седум милијарди луѓе се разбудат и едноставно престанат да јадат месо?
Иако знаеме дека тоа нема да се случи, стручњаците од холандската Агенција за заштита на околината предвиделе дека универзално веганство би ги намалило емисиите на јагленород за 17 отсто, на метан за 23, а водородните оксиди за 21 процент до 2050 година. Од друга страна, преку ноќ би исчезнале 1,3 милијарди работни места, затоа што толку луѓе се
вработени во производството на месо, кое воедно има придонес од 1,4 отсто во вкупниот светски БДП.
Друга последица од глобалното веганство би била ослободување на големи земјени површини. Сега, за пасење на стоката се потребни дури 26 отсто од земјините површини, не сметајќи ги тие што се наоѓаат под мраз, а со преминувањето на веганство луѓето на располагање би добиле уште 2,7 милијарди хектари, кои би можеле да ги населат.
Трета последица од универзалното веганство би била помала отпорност на бактериите на антибиотици. Имено, рутинската употреба на антибиотици во одгледувањето на животните, често непримерена и непотребна, многу влијание на луѓето што го консумираат нивното месо, зголемувајќи ја човечката отпорност на антибиотиците. Во САД годишно се разболуваат околу два милиона лица, кај кои антибиотиците не дејствуваат целосно.
Иако глобалното веганство во целост не би ги прекинало проблемите со глобалното затоплување, во секој случај би ја поправило сегашната ситуација, каде на Земјата и на луѓето црно им се пишува.
Имено, до 2050 година светската популација ќе има околу девет милијарди луѓе, а површината од 25 проценти, колку што сега зазема стокатам добро би им дошло за населување.
Освен тоа, пишува „Бизнис инсајдер“, иако универзалниот премин на растителна прехрана за многумина би звучело како најголем кошмар, особено на десничарите, доколу се продолжат сегашните трендови на зголемување на консумрање месо, глобалното затоплување и сè почестите временски неприлики ќе доведат до најголем кошмар на левичарите, односно светските немири при кои богатите ќе станат уште побогати, а сиромашните уште посиромашни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст