| четврток, 6 декември 2018 |

Руски воени авиони прелетале крај Калифорнија и Гуам

Руски воени авиони на парада над Црвениот плоштад

Руски воени авиони на парада над Црвениот плоштад

Руски воени авиони прелетаа крај Калифорнија и околу американскиот пацифички остров Гуам, соопшти првиот човек на Комнадата на Военото воздухопловство на САД за Тихи Океан, генерал Херберт Хок Карлајл.

Во обраќање во Центарот за стратешки и меѓународни истражувања во Вашингтон, тој нагласи дека руската интервенција во Украина се спроведува со значително активирање на силите на руското Воено воздухопловство во Азиско-пацифичкиот регион.

Според него, целта на таквите акции на Русија е да демонстрира сила и да собере разузнавачки информации.

– Бројот на руските далечни патроли околу Јапонија и Корејскиот Полуостров драстично е зголемен, а тие таму, меѓу другото, ги набљудуваат и воените вежби во кои учествуваат американски војници – истакна Карлајл.

Тој изјави дека е забележана и поголема активност на руските воени бродови во регионот.

Генералот покажа фотографии на кои американски ловци „Ф-15“ пресретнуваат руски стратешки бомбардери „Ту-95“ над Гуам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top