Автомобилот ќе се нуди како купе или кабриолет. Купувачите ќе можат да изберат една од седумте бои на моделот, со кои ќе се нудат и соодветни нијанси за внатрешноста во која доминира комбинација на врвна кожа и карбонски додатоци.
Јубилејниот модел ќе го придвижува добропознатиот и проверен мотор од 4,7 литри со осум цилиндри, кој при 7.000 вртежи во минута развива 460 коњски сили и има обртен момент од 520 њутн-метри. За преносот на силата од моторот е задолжен шестстепен автоматски менувач. Максималната брзина на моторот вграден во купето изнесува повеќе од 300 километри на час, додека забрзувањето до 100 километри се постигнува за 4,5 секунди.
„Масерати“ се погрижи во овој модел да вгради квалитетни сопирачки. Со брзина од 100 километри на час, тие овозможуваат да се запре автомобилот за само 33 метри.
Вкупните перформанси на кабриолетот се незначително послаби од купето.
„Грантуризмо“ претставува возбудлива понуда која во себе ја содржи целата страст и романтика на традицијата на „Масерати“. Заедно со „гибли“ и „кватропорте“, овој модел е вистински избор за сите што посакуваат инспиративен автомобил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.