Бананите се полни со влакна, витамини, протеини и минерали. Поради своите енергетски и хранливи состојки, бананата заслужено го добила првото место меѓу овошјето и треба да се најде во секојдневната исхрана на секој човек, без оглед на
годините.
Бананите содржат три природни шеќери кои во комбинација со влакна го снабдуваат организмот со енергија. Богати се со протеини кои организмот ги претвора во серотонин кој е заслужен за опуштање и добро расположение.
Витаминот Б6 го регулира нивото на глукоза во крвта, и помага за ублажување на симптомите на ПМС. Бананите, исто така, се богати со железо кои го стимулираат производството на хемоглобин во крвта, и така спречуваат појава на анемија.
Витаминот Б12 и магнезиумот помагаат во заздравување на организмот од штетните ефекти на никотинот, така што бананите се одлична храна ако се обидувате да престанете со пушење.
Калиумот е минерал кој помага за правилна работа на срцето, испраќа кислород до мозокот, и ја регулира рамнотежата на вода во организмот.
Според една студија е заклучено дека секојдневното консумирање банани во исхраната го намалува ризикот од срцев удар за 40 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.