По победата на музичкото шоу „Икс-фактор“, Даниел Кајмакоски сега учествува на европскиот музички онлајн-натпревар „Евромјузик контест“ (EuroMusic Contest) чие финале ќе се одржи на 30 јуни во Париз, Франција.
Даниел на овој онлајн-избор се натпреварува со 10 теми кои ги има објавено на својот профил на музичката платформа „Саундклауд“, а за неколку дена освои преку 3 илјади гласа.
Гласањето почна на 10 април и ќе заврши на 10 мај, а гласот може да го дадете на следниов линк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


