
Здружението „Љубители на класичната музика“ од Скопје организира Свечен концерт по повод 6 мај, Светскиот ден на хармониката. Концертот ќе се одржи на малата сцена во Македонскиот народен театар во Скопје, со почеток од 19 часот. Влезот е слободен.
На концертот ќе настапат ученици и студенти од класата на проф. Зорица Каракутовска, добитници на голем број награди на државни и меѓународни натпревари по музика. На програмата ќе бидат изведени дела од Моцарт, Вивалди, Дербенко, Илиевска-Бете, Пјацола, Семјонов и други.
Здружанието „Љубители на класичната музика“ Скопје е членка на Светската унија на хармоникашите која во 2009 година одлучи 6 мај да го прогласи за Светски ден на хармониката. Поводот за тоа е датумот на кој во 1829 година е патентирана првата хармоника. Македонското здружение го поддржува меѓународниот проект 6 мај, Светски ден на хармониката и годинава по шестти пат го организира Свечениот концерт по тој повод. Овој проект е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


