Внатрешноста на бункерот во кој Адолф Хитлер ги поминал неговите последни моменти од животот, заедно со љубовницата Ева Браун, додека сојузничките сили го освојуваат Берлин се прикажани до најситните детали на фотографии објавени од „Дејли меил“.
Автор на фотографиите е Вилијам Вандиверт, кој во последното засолниште на нацистичкиот лидер влегол две недели по 30 мај 1945 година и смртта на Хитлер и Браун. Снимките ги објавил во магазинот „Лајф“.
На фотографиите се гледа оштетен и изгорен мебел, стари документи и дамки од крв. Вандиверт фотографирал и воени истражители на кои им бил дозволен влез во бункерот. Документирал книги и документи кои сојузничките сили ги затекнале во бункерот , како и празни шишиња и валкани садови. Историчарите се сложуваат дека Хитлер и Ева Браун извршиле самоубиство во бункерот, а телата им се изнесени во дворот и се запалени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.