| четврток, 6 декември 2018 |

Едукативни предавања и работилници по повод „Неделата на медицинските сестри“

lekari

Здружението на медицински сестри, акушерки и техничари „Славјанка Бахчева“ од денеска до 12 мај ќе ја одбележи Неделата на медицински сестри.

Преку едукативни работилници и предавања здружението ќе се обиде да ги подигне стандардите за здравствена нега во сите сегменти.

На работилниците ќе стане збор за новините во концептот на работа, како и за идните планови за развој на професијата медицинска сестра.

Одбележувањето на Неделата на медицински сестри е организирано во соработка  со клничката болница „Аџибадем Систина“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top