Дел од корисниците од село Арачиново утре од 9:30 до 14:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 9:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Индира Ганди“ во населбата Шуто Оризари, како и корисниците од булеварот „Македонско Косовска Бригада“, подулици „25“, „29“ и „36“ во општина Чаир.
Во периодот од 11:00 до 15:00 часот електрична енергија ќе намаат и корисниците од улицата „Тодор Мерџан“ и дел од корисниците од улицата „Панко Брашнаров“ во општина Ѓорче Петров, од 9:00 до 15:00 часот корисниците од селата Радуша, Дворце и Орашје, а од 9:00 до 15:30 часот корисниците од улицата „Призренска 2“ во село Кучевиште.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето инвестициски зафати за подобрување на дистрибутивната мрежа од страна на ЕВН Македонија АД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.