Неофицијални извори во струшката полиција тврдат дека крадците кои со оружје ограбија златарница во центарот на Струга биле облечени како жени.
Изворите велат дека тие користеле облека што е карактеристична за муслимански вернички кои што го покриваат целото тело со мантили и лицата со превез кој гипокажува само очите.
На тој начин успеале да не бидат препознаени при кражбата.
Инаку денеска полицијата приведе жител од струшкото село Радолишта, кој се сомничи дека бил учесник во оружениот грабеж на златарница што се случи деновиве во центарот на Струга. Основниит суд во Струга на 37 годишниот Радолиштанец му одреди мерка притвор до 30 дена, додека останатите четворица учесници во разбојништвото се во бегство. Нивниот автомобил беше пронајден во близина на македонско-албанската граница, како и дел од украденото злато.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски денеска на прес конфереција изјави дека: „осомничените на 30 април влегле во златарата „Циркон“, повредиле три лица и според сопственикот одзеле златни премети во вредност од 420.000 евра“.
Димовски за „Република“ одби да даде други информации за случајот ниту да ги потврди информациите за користење на женска облека при грабежот во Струга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.