| четврток, 6 декември 2018 |

Претепано момче во автобус

g_g_avtobus-jsp-123 годишно момче во сабота вечер било крвнички претепано во автобус на ЈСП, соопшти МВР. Од силините удари, момчето се онесвестило па со тешки телесни повреди бил пренесен во Градска болница. Инцидентот се случил синоќа во 00.30 часот во автобуст на ЈСП со број 57 на пешачкиот мост на ул.„Цветан Димов”.

А.П. влегол во автобусот на автобуската постројка кај ГТЦ, се упатил кон задниот дел од автобусот и по кратко време забележал поголема група лица кои се групираат и во еден момент осетил силен удар со тврд предмет во пределот на задниот дел од главата, при што истиот паднал во безсознание.  Потоа непознатите лица продолжиле да го удираат со клоци и тупаници во пределот на главата и телото.

На А.П. му била укажана лекарска помош во Градската болница, каде биле констатирани телесни повреди. Тој е задржан на понатамошно лекување, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top