| четврток, 6 декември 2018 |

Опасност од геноцид во Јужен Судан, предупреди висок претставник на ОН

sudan8

Конфликтот во Јужен Судан брзо премина во етничко насилство и има опасност судирите да прераснат во геноцид, предупреди вчера специјалниот советник на ОН за спречување на геноцид Адама Диенг.

– Во сегашната ситуација гледаме елементи, кои може да ги дефинираме како ризични фактори за геноцид и други сурови злосторства – изјави Диенг пред Советот за безбедност на ОН.

– Веќе гледаме почетоци на она што доведе до геноцид во Руанда – истакна Диенг, пренесува ДПА.

Илјадници луѓе загинаа, а над 1 милион лица беа протерани од родните места од борбите што избувнаа во декември минатата година меѓу војниците, што го поддржуваат јужносуданскиот претседател Салва Киир и војниците, лојални нa поранешниот потпретседател, а сега негов противник Риек Мачар

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top