Ако редовно на посебно место на телото ставате коцка мраз, организмот почнува да се подмладува, многу болести исчезнуваат, а вие наскоро ќе бидете здрави, расположени и полни со енергија. Човековото тело поседува едно потполно единствено место кое се наоѓа меѓу тетивите во пределот на вратот, а конкретно на тилот. Тоа е дупчето каде се соединуваат вратот и главата. Овде се наоѓа точката која во кинеската акупунктура се нарекува „Фен Фу“ (дом на ветерот).
Методата се состои во следново: човекот треба да лежи на стомак (или да седи) и да стави коцка мраз ( од прилика 2×2 cm) на точката Фен Фу и да ја држи дваесеттина минути. коцката може да се фиксира со завој, марама и друго. Ова треба да се прави со паузи од 2-3 дена, наутро на празен стомак и навечер пред спиење. настинката кај оваа процедура не е возможна.
На почетокот може да се јави чувство на студ, но за 30-40 секунди се чувстува прилив на топлина на точката на делување. првите неколку дена ќе се јави наплив на еуфорија поради ослободување на ендорфинот во крвотокот.
Со редовно ставање на коцка мраз на темето на тпчката Фен Фу се Подобрува сонот, секогаш сте добро расположени и витални, одлично работи дигестивниот тракт, ќе заборавите на настинките, главоболката, забоболката, болките во зглобовите.
Особено делувањето на коцката мраз на точката Фен Фу помага кај следните заболувања: на органите за дишење, кардиоваскуларниот систем, невролошките заболувања со дегенеративни промени на кичмата, пореметувања на штитната жлезда, артристи, астма, хипертензија, целулит итн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.