| четврток, 6 декември 2018 |

Ведрана Рудан: Живот без љубов е полош и од смрт

vedrana-rudan-

Она што ме води цел живот, она што е мој имератив, но и моја најголема слабост, е неодоливата потреба да го зборувам она што го мислам, изјави хрватската писателка Ведррана Рудан за српскиот весник „Блиц“.

Нејзините книги, романи, текстови имаат големи тиражи, ги одушевуваат читателите, како и нејзиниот блог на кој таа има преку 100 илјади следбеници. Таа вели дека пишувањето е нејзината страст. Со посебна топлина говори за својата баба.

– Загубила двајца мажи, дете и внук. Германците и ја запалиле куќата. Цел живот била сиромашно вонбрачно дете, а почнала да работи како слугинка од својата петта година. Преживеала две светски војни. До смртта живееше со моите родители, со мене и со сестра ми, а немаше ден гласно да не се насмее. Ништо не можеше да ја поколеба нејзината добрина, ниту пак желбата за животна радост – вели Рудан.

Нејзин императив цел живот е и нејзина слабост.

– Тоа е неиздржлива потреба да го зборувам она што го мислам. Не сум храбра, можеби само самоубиствено настроена – вели Рудан.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top