| четврток, 6 декември 2018 |

Во Нови Сад родено бебе зависник од хероин

бебе зависник
Бебе родено со знаци на наркоманска криза е згрижено во Институтот за здравствена заштита во Нови Сад, Војводина, пишува „Блиц“.
Бебето е на терапија за одвкнување од дроги веднаш откако се родило, поради тешката клиничка слика. Како што пишува „Блиц“, ова не е прв ваков случај, бидејчи минатата година во Нови Сад се родиле пет деца со истата дијагноза.
Новороденчињата паѓаат во апстиненцијална криза, бидејќи нивните мајки користеле наркотици во текот на бременоста.
– Бебињата во апстиненцијалната криза имаат грчеви, многу се раздразливи и постојано плачат. Имаат пореметување во исхраната, тешко цицаат млеко, малку спијат и се будат на неполн час откако ќе јадат. Многу се потат и имаат покачена телесна температура. Ако родилката последната доза дрога ја зела во последните седум дена пред да се породи, тогаш симптомите ќе бидат уште позиразени – вели доктор Наташа Сташук, педијатар на Клиничкиот центар Војводина.
Во овие случаи, бебињата се лечат со таблелти и се отпуштаат од болница 72 часа откако ќе ја примат последната доза.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top