Речиси два месеци по исчезнувањето на Боингот 777, малезиските власти конечно го објавија првичниот извештај за исчезнатиот авион со 239 патници во кој се наведени податоци кои до сега им се познати на истражителите.
Извештајот е напишан на пет страници, а со него во јавноста се објавени и мапи на кои е прикажано што и во кои моменти на 8 март се случувало пред и по исчезнувањето на авионот.
Тоа што во извештајот најмногу боде очи е фрапантниот податок дека минале цели четири часа откако авионот исчезнат од радарите пред воопшто да биде организирана потрага по него. Исто така минале 17 минути додека било уочено дека авионот веќе го нема на радарите.
Во меѓувреме компанијата Малезија Ерлајнс во четвртокот објави дека ги укинува таканаречените центри за поддршка на семејствата на исчезнатите патници. Роднините речиси од првиот ден се собираа во тие центри во хотелите во Пекинг и Куала Лумпур за да ги слушаат најновите информации во врска со потрагата. На семејствата им порачале дека е најдобро сите да си одат дома, со оглед дека дневните брифинзи веќе нема да се организираат затоа што потрагата влегла во нова фаза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.