| четврток, 6 декември 2018 |

Цеца: Вељко не е Аркан

Српската пејачка Светлана Ражњатовиќ – Цеца зборува за петицијата потив нејзиниот концерт, како и инцидентот пред нејзината куќа, кога нејзиниот 17-годишен син Вељко беше учесник во тепачка.

– Минатата недела ми беше катастрофална, колку поради петицијата, толку и поради ситуација околу Вељко. Имено, група на злобни луѓе изнесе многу лаги за мене. Никогаш во животот не сум снимала песни кои поттикнуваат насилство, ниту пак, сум одела на собири поврзани со насилсто. Јас оставив полицијата да се справи со тоа и да ги најде виновниците. Уште повеќе боли што сите се нафрлија на Вељко како на криминалец. Јас сум горда на него и на тоа какво дете е тој. Тој беше нападнат пред неговиот дом, но криво ми е што дозволи да го испровоцираат. Веднаш се испукаа медиумски рафали, на кои никој не е имун, па дури ни јас иако толку години сум во шоу-бизнисот. Почнаа споредби од кои се грозам, бидејќи Вељко не е Аркан, Анастасија не е Цеца, тие се индивидуалци. Зошто споредба? Не разбирам. Тие ги градат своите животи, без оглед на тоа кои сме – вели Цеца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top