Први мај 1994 година ќе остане запаметен како денот кога Формула 1 засекогаш се промени. Еден од најдобрите возачи на сите времиња го загуби животот на патеката „Енцо и Дино Ферари“.
Аиртон Сена според многумина беше посебен и возеше како уметник.
Со право се смета за еден од најдобрите на сите времиња, не само поради титулата и победите туку и поради начинот на возење.
Оваа година се навршуваат 20 години од неговото загинување на патеката во Имола.
Црниот викенд на 30-ти јануари го започна младиот Австриец Роланд Раценбергер кој загина на квалификациската трка. Иако многумина беа загрижени пред трката, никој во ниту едн момент не ни помислуваше дека трагедијата ќе се повтори и на самата трка.
Меѓутоа, во петиот круг Сена загуби контрола над својот болид при брзина од преку 300 км/ч и удри во ѕид на свиокот „Тамбурело“.
– Сакам да живеам со полни гради, многу интензивно. Не сакам да живеам делумно, да ми се случи болест или повреда. Доколку се случи несреќа која ќе ме чини живот се надевам дека ќе се случи брзо- изјави во една ситуација Бразилецот.
Сена замина со 41 победа. Ќе остане запаметен како крал на квалификациите и најдобар возач на дожд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст