| четврток, 6 декември 2018 |

Црвенковски сака Пендаровски да го замени Заев, засега Струмичанецот има повеќе приврзаници

На вечерашниот состанок на централниот одбор на СДСМ најгласни критичари на лидерот Заев биле неколкумина  пратеници од последниот состав на парламентот инаку блиски луѓе на екс претседателот Црвенковски.

Телевизијата Канал 5 вечерва пренесе информација од извори во СДСМ според која луѓето на Црвенковски со негова помош во втората половина на месец Мај ќе започнат иницијатива за смена на двоецот Заев – Шекеринска и поставување на чело на партијата на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Според проценката на силите во партијата  Црвенковски во моментов нема доволно поддржувачи во највисоките тела на партијата за својот план но со оглед на незадоволството во партијата се очекува до крајот на Мај неговите поддржувачи да можат да ги надгласаат луѓето кои што Заев ги постави на високи позции во партијата откако стана лидер минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top